Опис на општината

     Општина Долнени го зазема северозападниот дел на Пелагониската котлина, која се наоѓа на околу 600 м надморска височина. Општината опфаќа површина од 430 км2 и е една од поголемите новоформирани општини во  Р. Македонија. Од вкупната површина 2/3 е рамничарски дел, додека 1/3 се високи области и тоа исклучиво во северниот дел на општината. Скоро 90% од рамничарскиот дел се обработливи површини, а планинските делови половината се пасишта, а половината се покриени со шуми.

     Општината е формирана со новиот Закон за територијална поделба и Законот за локална самоуправа од 1996 година и проширена со припојување на општина Житоше со последниот Закон за територијална организација на РМ од 2004 година. Седиштето на општината се наоѓа во населеното место Долнени.

     Долнени и претходно била засебна општина се до 1965 година кога со тогашните законски регулативи е припоена кон општина Прилеп, за поново да стане општина во 1997 година согласно Законот за територијална поделба и Законот за локална самоуправа со сите свои надлежности.

 

 

Население

     Општина Долнени ја сочинуваат 37 населени места со вкупно 13 805 жители, со мешан  национален состав.

Националност
Застапеност во %
Македонци
36,57
Албанци
26,37
Турци
18,94
Бошњаци
17,36
Останати
0,55