Соопштение за јавноста: Од 01.06.2013г. започна електронско издавање на Одобренија за градење (www.gradezna-dozvola.mk) # ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на кандидати за членови на локален младински совет на општина Долнени  # ОДЛУКИ за извршен избор на кандидати по Јавен оглас

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инфраструктура

Водоснабдување

     Низ општината поминува регионалниот водовод “Студенчица“ и добар дел од населението проблемот со водоснабдување го има решено со приклучување на овој систем и тоа околу 80% од населението, околу 15% од населението се водоснабдува од артерски бунари, чија вода е со променлив квалитет односно со чести загадувања, 3% се водоснабдуваат од планински извори додека 2% од населението нема организирано водоснабдување.

Начин на водоснабдување
%
Студенчица (исправна вода)
80
Артерски бунари (неисправна)
15
Природни извори (неисправна)
3
Нема никакво водоснабдување
2

 

Канализација

     Општина Долнени дојде до заклучок дека имаме сериозен проблем со нарушување на еколошката средина, особено во поголемите населени места каде отпадните и фекалните води предизвикуваат еколошка катастрофа. За таа цел се изработи идејна Студија за решавање на проблемот со отпадните води на ниво на општина. Обемноста на проблемот доведе до тоа да за поголемите населени места да се изработи целосна техничка документација со средства предвидени за почетна имплементација на Локалниот Еколошки Акционен План (ЛЕАП), и тоа за населените места Дебреште, Лажани, Ропотово, Црнилиште, Десово и Долнени. Со помош на ЕУ преку КАРДС програмата целосно е реализиран проектот за канализациона мрежа во н.м. Дебреште, а се отпочна со реализирање на проектот за канализациона мрежа во н.м. Лажани.

 

Цврст отпад

      До формирањето на ЕЛС општина Долнени, не се превземени никакви мерки за организирано изнесување на било каков одпад, но по согледување на проблемите од овој дел, општинските органи сериозно се зафатија со наоѓање начини за решавање на проблемот со отпадот во општината и во тие рамки се направени две времени прифатилишта за цврст комунален отпад кои беа финансирани со средства од проектот ЛЕАП за општина Долнени, односно од делот за почетна имплементација, финансирано преку (ГТЗ) Германско Друштво за техничка соработка на Владата од Сојузна Република Германија.
Во моментов општинските органи и Јавното комунално претпријатие се ангажирани со реализација на планот и програмата за отпочнување со организирано изнесување на цврстиот комунален отпад од населените места во општината. Отпадот во нашата општина е од различен тип односно состав, и тоа:

 

Вид на отпад
%
Пластика
60
Метални отпадоци
20
Стакло
10
Останато
10