Историски обележја
Манастир``Св.Преображение``
Манастирот Свето Преображение се наоѓа на 1000 метри надморска височина во подножјето на планинскиот масив Даутица.
Историја на Манастирот
На локалитетот на којшто се наоѓа средновековниот манастир Свето Преображение - Зрзе, археолошките научни истражувања ги регистрираа следниве културни слоеви потврдени преку артефактите од: Енеолит/Бронзен период
- пештера во карпа, под подот на средновековната пештерна црква со наоди од фрагментирани керамички садови, калцифицирани врз површините од карпата.
- единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.
Рана антика
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
- остатоци од објекти во западниот дел од манастирскиот двор.
- единечни наоди од садова керамика, откриени при нестручни ископувања или како површински наоди.
Доцна антика
- доцноантичка населба
- акропола распространета на горното плато од бигорната карпа - фортификација: бедеми, кули и сл.
- необѕидано подградие со објекти распространети врз јужните и источните падини од возвишението.
- ранохристијанска базилика 5-6 век, лоцирана на платото северно од манастирот.
Среден век
- голем број наоди од фрагменти на садова керамика со типични полносредновековни карактеристики, откривани на просторот од монашкиот комплекс ( 9-10 век).
- крст енколпион, датиран (9-10 век), откриен при пораните конзерваторски зафати на манастирската црква.
- монашки комплекс 12 век, распространет врз јужната, источната и северната страна од бигорната карпа на пет нивоа:
- пештерна црква;
- единаесет целини во чии рамки се идентификувани околу 30 објекти: испосници, јами, работилници, тихувалишта и сл.
- возобновување на делови од доцноантичката фортификација и изградба на објекти на горното плато од бигорната карпа во 12 век.
- монашки комплекс 14 век, распространет врз јужната, источната и северната страна одбигорната карпа на пет нивоа:
- рекомпонирање на пештерна црква и нејзино делумно фрескоживописување - откриени голем број на фрагменти од фрески околу црквата;
- континуирано користење на единаесетте целини со идентификуваните 30 објекти: испосници, јами, работилници, тихувалишта и сл.
Од крајот на 14 до 16 век
- изградба на еднокорабна црква, најверојатно засводена, изградена во време на цар Душан (1346-1355), со средства на ктиторот монах Герман.
- западна припрата доѕидана кон Германовата црква, живописана 1368/1369 г. од зограф Драгослав, ктитори биле Хајковите синови Прибил и Приезд.
- мала пештерна црква, живописана 1368/1369 г. од зографите Драгослав и Доброслав.
- црква Свети Никола во селото Зрзе, метох на манастирот, фреско-икона живописана 1368/1369 г. од зограф Драгослав.
- дејноста на зографите Митрополит Јован (иконата на зрзескиот Христос Спасител и Жизнодавец 1394 г.) и јеромонах Макариј (чудотворната икона на Богородица Пелагонитиса 1422 г.) од крајот на 14 и првите децении на 15 век.
- дејноста на зографот Онуфриј во првата половина на 16 век во Зрзе - манастирската црква Свето Преображение и манастирскиот метох Свети Никола.
- дејноста на јеромонах Прохор во 16 век во Зрзе, припадник на прилепско-слепчанската резбарска школа.
Од 17 до 18 век
- доградба на јужниот и северниот сегмент од црквата и отворен трем во крајот 16 на и првите децении на 17 век, до 1625 г.
- живописување на делови од тремот во 1625 г., ктитор поп Димитар од село Барбарас.
- уништување на манастирската тврдина од страна на турската војска во потрага по Арнаутот Матлија во 1791 г.
Од 19 до 20 век
- делумна реконструкција на комплексот од пештерна црква.
- обнова на манастирот во 1810 г.
- ктитори од Прилеп во 1811 г.
Манастирскиот комплекс во минатото заземал многу поголема површина отколку денес (7000 м²). Иако досега се мислеше дека манастирот е од 14 век, благодарение на резултатите од најновите археолошки истражувања од 2008 година, се утврди дека почетокот на зрзеското монаштво датира од 9 век. Од тој период е и монашката населба на испоснички ќелии издлабени во вертикалниот засек на бигорната карпа, на северната, источната и јужната граница на манастирскиот комплекс.
Денес
Денес манастирот Свето Преображение - Зрзе е епископско седиште на секретарот на САС на МПЦ, епископот Хераклејски г. Климент.
Археолошки локалитети
Постои историско-археолошки локалитет "Градиште" од грчко-римски период во н.м. Дебреште.