Соопштение за јавноста: Од 01.06.2013 г. започна електронско издавање на Одобренија за градење (www.gradezna-dozvola.mk)***ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ФОНТ ЗА СИТЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ОД МИОА***ПОВИК за идеи за креирање на буџетот на општина Долнени за 2022г.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Образование

     Образованието е застапено со 7 (седум) централни осумгодишни училишта во кои учат вкупно  1779  ученици и едно средно училиште-гимназија во н.м. Житоше.
    Основниот стандард на образование е од низок степен имајќи ги предвид условите во училиштата, кои се доста стари објекти со исклучок на неколку и во доста лоша состојба. Учебните помагала се стари и амортизирани, компјутерската опременост е незначителна и покрај последната акција на Министерството за образование на РМ за компјутеризација на основвното образование со по неколку компјутери во секое од училиштата.

      Одделението за образование при општина Долнени има донесено Програма- Акционен план и стратегија на општина Долнени во областа на образованието за 2014/2015г.

Програма - Акционен план и стратегија 2014/2015.PDF (превземи)

Одговорно лице за образование:  г-дин Билал Каришик (071/383-422)

 

САМОЕВАЛУАЦИЈА 2022 (PDF)

 

Основни училишта


 

1. ЦОУ `` Пецо Даскалот `` - Долнени

  • директор: Славе Здравески
  • тел.: +389(0) 48 453-125
  • 76 ученици во 6 паралелки  од   I   до  IX   одделение

        ПОУ ``Пецо Даскалот `` - Вранче

  • 13 ученици во 3 паралелки од  I  до IX  одделение

        ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Сенокос

  • 11 ученици во 2 паралелки од  I  до   V одделение

        ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Браилово

  • 7 ученици во 1 паралелка од  I  до V  одделение

        ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Бело Поле

  • 5 ученици во 1 паралелка  од  I  до  V  одделение

        ПОУ `` Пецо Даскалот `` - Заполжани

  • 19 ученици во 2 паралелки од  I  до V  одделние

        Вкупно 131 ученици во 15 паралелки.

       САМОЕВАЛУАЦИЈА - PDF

 

2. ЦОУ `` Вера Циривири Трена `` - Дебреште

  • директор: Исмет Мемедоски
  • тел.: +389(0) 48 474-021
  • 302 ученици во 28 паралелки  од  I  до  IX   одделение

       Наставата се изведува на македонски, албански и турски јазик.

 

3. ЦОУ `` Ѓорче Петров `` - Ропотово

picture0035-240px.jpg
  • директор: Мемедалија Азизоски
  • тел.: +389(0) 48 475-271
  • 113 ученици во 7 паралелки од  I  до  IХ   одделение

        ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Пешталево

  • 47 ученици во 5 паралелки од  I  до  V   одделение

        ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Сарандиново

  • 10 ученици во 1 паралелка  од   I  до  V   одделение

        ПОУ `` Ѓорче Петров `` - Секирци

  • 21 ученици во 2 паралелки  од   I  до  V   одделение

        Вкупно 191 ученици во 15 паралелки.

 

4. ЦОУ `` Лирија `` - Житоше

  • директор: Шабан Салиоски
  • тел.: +389(0) 48 473-267
  • 268 ученик во 21 паралелка   од  I  до  IХ  одделение

        ПОУ `` Лирија `` - Локвени

  • 16 ученици во 1 паралелка   од   I  до  V   одделение

        Вкупно 284 ученици во 22 паралелки.

        Наставата се изведува на македонски и албански јазик.

 

5. ЦОУ `` Мирче Ацев `` - Лажани

  • директор: Сафет Раифоски
  • тел.: +389(0) 48 473-262
  • 278 ученици во 16 паралелки   од  I  до  IХ  одделение

        ПОУ `` Мирче Ацев `` - Кошино

  • 4 ученици во 1 паралелка од I до V одделение

     Вкупно 282 ученици во 17 паралелки.

 

6. ЦОУ `` Пере Тошев `` - Десово

  • ВД директор: Адмир Кадриоски
  • тел.: +389(0) 48 454-271
  • 172 ученик во 13 паралелки   од  I   до   IХ   одделение

        ПОУ `` Пере Тошев `` - Дупјачани

  • 31 ученици во 3 паралелки   од   I  до  IХ   одделение

        ПОУ `` Пере Тошев `` - Дреновци

  • 17 ученици во 1 паралелка  од  I  до  V   одделение

        ПОУ `` Пере Тошев `` - Небрегово

  • 6 ученици во 1 паралелка   од  I  до  V  одделение

        Вкупно 233 ученици во 18 паралелки.

        Наставата се изведува на македонски и албански јазик.

 

7. ЦОУ `` Исмаил Ќемали `` - Црнилиште

  • директор: Муамед Сулејмани
  • тел.: +389(0) 48 459-039
  • 342 ученик во 18 паралелки  од  I  до  IХ   одделение

        ПОУ `` Исмаил Ќемали `` - Костинци

  • 6 ученици во 1 паралелка   од  I  до  V  одделение

        ПОУ `` Исмаил Ќемали `` - Гостиражни

  • 8 ученици во 1 паралелка   од  I  до  V  одделение

        Вкупно 356 ученици во 20 паралелки.

        Наставата се изведува на македонски и албански јазик.