Стопанство
Земјоделство
Населението во општината главно се занимава со земјоделие и тоа околу 54% од активното население, при што најзастапена култура е тутунот и житните култури.
Иако главна стопанска гранка е земјоделието во општина Долнени нема доволно микроакумулации и системи за наводнување при што сушните периоди битно ги намалуваат приносите на земјоделските култури, односно земјоделието во нашата општина сеуште има екстензивен карактер, а ние би сакале и во тој правец правиме напори да премине во интензивно земјоделие.
Сточарство
Сточарството во општината е застапено со 24% и тоа со 8 000 грла крупен добиток и 20 000 ситен добиток. Порано многу повеќе било застапено, но со миграциите село град и овој фонд на жива стока е скоро преполовен. Но во последно време сточниот фонд се наголемува. Овде посебно треба да се нагласи дека и условите за одгледување на добиток се доста поволни особено во повисоките реони, а исто така здравата и незагадена животна средина даваат одлични можности за развој на оваа стопанска гранка.
Посебен проблем претставуваше непостоењето на сточен пазар каде граѓаните од општината ќе можат да ги продаваат своите производи. За таа цел општината изготви проект, утврди локација и со помош на невладината организација АМПЕП со донација од шведската влада, изгради еден таков објект “Сточно пазариште“ во н.м. Дебреште каде и порано имало таков пазар.
Приватен сектор
Приватниот сектор е застапен со 10% од кои најбројни се колонијални продавници и ситни услужни дејности.
Во општината постојат и доста стопански објекти и тоа земјоделски комбинат, рибници, живинарска фарма, кланица, ладилник, штали за одгледување на крупен добиток, но сите тие работат со многу мал капацитет се заради отежнатиот пласман на производите и сложените услови на стопанисување.