Изградена Хлорна станица „Дебреште“
Со оваа Хлорна станица ќе се врши хлорирање на водата од региналниот водоводен систем``Студенчица``, од кој се обезбедува вода за пиење за 13 населени места од општините Долнени, Кривогаштани и Крушево. Пуштањето на објектот во употреба го изврши Амбасадорот на Швајцарија г-ин Стефано Лазарото и Градоначалникот на општина Долнени г-ин Абдула Бајрамоски.

Новата хлорна станица која е лоцирана во објект во непосредна близина на н.м.Дебреште, е изградена со најсовремена технологија за хлорирање на водата со чија помош ќе може да се одредува количната на хлор, да се хлорира и да се утврдува квалитетот на водата. Со помош на оваа хлорна станица 16,351 жители во 13 населени места (Дебреште, Лажани, Кошино, Житоше, Борино, Јакреново, Саждево, Локвени, Годивје, Кореница, Подвис, Норово и Крушево) од општините Долнени, Кривогаштани и Крушево ќе добиваат квалитетна вода за пиење.
Надлежен:
- Фондација Регионална развојна агенција на ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА
Партнери:
- Швајцарска агенција за развој и соработка
- Биро за рамномерен регионален развој
- Совет за развој на Пелагониски плански регион
Општини:
- Долнени, Кривогаштани и Крушево
Контекст:
Исполнет еден дел од приоритетите на Пелагонискиот регион за обезбедување на бактериолошки исправна вода за пиење за сите жители.










