Ден на дрвото во општина Долнени - есенска акција
Во рамките на есенцката акција за пошумување, која се спроведе на ден 19.11.2010г., во општина Долнени на локацијата``Миризиште``во близина на РП 512, помеѓу Житоше и Локвени, на површина од 2ха беа засадени 4.000 садници од видот Јасен и Багрем.

Во акцијата активно учествуваа сите вработени од општинската администрација, вработени од ЈКП``ДОЛНЕНИ``и околу 400 ученици од седмо и осмо одделение, со класните раководители и директорите од седум основни училишта во општина Долнени.












