Култура

     Во општина Долнени се одржуваат неколку културни манифестации од кои најпознат е меѓународниот фестивал на народни инструменти - гајди “Пеце Атанасоски“-Долнени, кој се одржува секоја година и на кој учество земаат гости од повеќе земји од Европа и Америка.
      Одбележување на денот на раѓањето на писателот Блаже Конески - Небрегово.
      Традиционалниот фестивал на   народни песни “Златен глас“-Лажани.
      Во поглед за други културни активности и потреби, можностите се мали бидејќи не постојат соодветни места, а културните домови кои ги има 10 во општината и кои располагаат со доволно простории по број и големина за организирање на културни манифестации, но истите се во многу лоша состојба.

atanasovski_01_p.jpg

Dolneni 5.jpg Dolneni 1.jpg

Dolneni 2.jpg Dolneni 3.jpg

Спорт

     Постојат неколку спортски игралишта за фудбал и повеќе од 10 фудбалски клубови, се одржуваат повеќе традиционални турнири во мал фудбал.
     Секоја година се одржува традиционален турнир во пеливанско борење во н.м. Дебреште и Лажани.